Носителот на Изборната единица 2 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеака со младите од Куманово разговараше за Манифестот на СДММ и за европскиот концепт.

„Најдобрата енергија ја носат младите луѓе. Го промовиравме Манифестот на СДММ за европска иднина во Македонија – токму од мое, борбено Куманово! Ги остваруваме стратешките цели – членка на НАТО сме и ги почнуваме преговорите со ЕУ и токму вклученоста на младите е уште поважна за европска иднина за сите. Правиме простор младите да ја креираат иднината!“, рече Спасовски.

„И ве повикувам да се борите, да се ангажирате за вашата иднина“, додаде тој.

„Ако направиме паралела од времето на ВМРО-ДПМНЕ, денеска имате мир и спокој да се изразувате и дружите, наспроти времето на тепање на студенти од 2016. Цврсто стојам и силно ќе се борам да се имплементираат сите мерки во програмата, за квалитетно образование, здравство и младински политики кои ќе бидат реалност во Македонија. И само еден од кандидатите го застапува овој европски концепт за младите – нашиот претседател Стево“, рече Спасовск



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.