Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во интервју за германскиот дневен весник „Neue OZ“ одговарајќи на прашањето зошто е потребна поддршка од европската агенција Фронтекс во делот на управувањето со границите, истакна: Македонија се наоѓа на многу посебна географска положба. Мигрантите патуваат од Грција, ЕУ држава, низ земја која не е членка на ЕУ, а потоа повторно влегуваат во ЕУ. Ова е предизвик за  Македонија и за Европската Унија. Затоа, логично е да соработуваме со ЕУ на граница. Патем, ова не е ништо ново за нас. Седум години соработуваме со земјите од ЕУ за управување со границите. Распоредувањето на Фронтекс е логичен развој на оваа соработка, рече Спасовски.

Спасовски беше дециден по однос на прашањето за можен бегалски камп на ЕУ на македонска територија:

Нашиот став е многу јасен: Во  Македонија не се спроведуваат процедури за азил за другите земји на ЕУ и тоа нема да се промени. Ако  Македонија стане дел од Европската Унија, ова може да се промени. Но, сѐ додека тоа не е така, таквите центри ќе останат исклучени – истакна Спасовски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.