Дел од пакетот кој што вчера се најде на самата маса во разговорите помеѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот на владата, можеме да го анализираме и сметам дека тука има некои изненадувања неочекувани барања и понуди кои што не беа дел од досегашната реторика, смета универзитетскиот професор по уставно право Александар Спасеновски во вечерашното гостување во ВИН-ВИН на ТВ Телма.

Спасеновски смета дека со лидерската средба и Мицкоски и Ковачевски покажале одговорност за евроинтегративниот процес.

Но, сметам дека она кое што е важно да го споменеме е демонстрацијата на одговорност и на лидерот на опозицијата и на владата во ситуација кога имаме вакво тешко прашање како што е продолжување на интеграцијата во ЕУ и обидот да се заштитат во тој процес македонските национални интереси е нешто кое што треба да се апострофира, демонстрирањето на одговорност – рече Спасеновски.

Според професорот Спасеновски од 2016та година па сѐ до денес на македонската политичка сцена недостасувал дијалог.

Она кое што долго време недостасува на македонската политичка сцена од 2016та година наваму е зборот дијалог и тоа беше рефлексија на една голема поларизираност која што доби на интензитет со доаѓањето на СДСМ на власт во оваа држава и падот на ВМРО-ДПМНЕ – нагласи тој.

Спасеновски посочи дека предлозите дадени од Мицкоски се реални и разумни укажувајќи дека со тоа ВМРО-ДПМНЕ се легитимираше себеси како една проевропска партија, со што ги демантираше обвинувањата на СДСМ дека е антиевропска партија и приврзок на помалата политичка партија Левица.

Она кое што исто треба да се истакне е дека ВМРО-ДПМНЕ со учеството во овој дијалог и со давањето на некои реални и разумни предлози се легитимираше себеси како една проевропска партија или во една смисла се обиде да ги демострира спротивност во однесувањето од она што како напад го добиваше во континуитет од страна на СДСМ, а тоа дека е приврзок на една помала политичка партија која е претставена во собранието – додаде тој.

Спасеновски рече дека ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која има нагорен рејтинг, споменувајќи ја последната анкета на НДИ.

ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија која што е во еден нагорен рејтинг, тука е многу важно да се реферира и симболиката на анкетата на НДИ еден или два дена пред лидерската средба помеѓу Мицкоски и Ковачевски – изјави Спасеновски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.