Советот на општина Росоман не го донесе буџетот на општина Росоман по бројните притисоци од страна на СДСМ и градоначалникот.

Имено во текот на вчерашниот ден еден од советниците од редот на сдсм си поднесе оставка од член на советот и во текот на денешниот ден се вршеа притисоци врз општинската изборна комисија да назначи нов советник но без запазени процедури каде во законот на првата наредна седница треба да се констатира оставката па да се извести ОИК за оставката и ОИК на седница да назначи нов.

По почетокот на седницата се правеа притисоци веднаш да настапи новиот советник но по бројни реакции советничката група на ВМРО ДПМНЕ и советникот од Левица ја напуштија седницата и општина Росоман во моментов нема Буџет за 2023 година.

Советниците од ВМРО ДПМНЕ и коалицијата нема да поддржат незаконски дејствија и нема да толерираат притисоци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.