Безбедносната состојба во земјата е стабилна и засега нема индиции кои би укажувале дека би можело да дојде до загрозување на територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија, информираше претседателот Стево Пендаровски по денешната 14-та Седница на советот за безбедност.

Во однос на тензиите на украинско-руската граница, Пендаровски изјави дека Македонија како земја членка на НАТО беше должна да ги направи ги направила сите неопходни подготовки за можните сценарија во зависност од тоа како ќе се одвиваат настаните во овој регион, за кој рече дека останува потенцијално високо ризична зона. „Ги поздравуваме дипломатските напори на различни нивоа, кои ги преземаат главните фактори во меѓународната заедница, со кои им се дава шанса да дијалогот и преговорите, а не на оружјето и воинствената реторика“, изјави Пендаровски.

Според него, во тој дел од светот има мали засега симболични знаци за деескалација на реториката во изминатите неколку денови, но сѐ уште е рано да се прогнозира како ќе се одвиваат настаните понатаму.

Во однос на состојбите на регионот, Советот заклучи дека со засилената дипломатска активност на меѓународната заедница во последниот период, тензиите се делумно намалени, со што се отвора простор за повторно воспоставување на дијалогот како единствен начин за надминување на проблемите.

На седницата на Советот, во Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, освен редовните членови на претседател на Собранието, Талат Џафери, премиерот Димитар Ковачевски, министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, министер за одбрана Славјанка Петровска, министерот за надворешни работи Бујар Османи, професорор на Правниот факултет „Јустинијан I“ при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ Ненад Марковиќ, професорот на Универзитетот на Југоисточна Европа Ветон Љатифи и поранешниот министер за одбрана и универзитетски професор Трајан Гоцевски, на покана на шефот на државата присуствуваа и директорор на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Виктор Димовски и генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски, началник на Генералштабот на Армијата на Република Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.