Социјалистичката партија на Македонија оценува дека со „трето одделенската изјава премиерот Димитар Ковачевски открива дека не ги разбира ставовите на опозицијата, ги омаловажува и понижува“.

Социјалистичката партија на Македонија и Коалицијата „Обнова на Македонија” имаат цврсти државнички ставови што ги застапуваат и бранат на кои тој не им е дораснат.

 

Како потврден непочитувач на својот народ и држава Ковачевски ги упростува нештата за нему да му станат појасни, а со тоа покажува дека е несоодветен за позицијата на која се наоѓа. Тој свесно го уништува достоинството и гордоста на Македонскиот народ и се гордее со тоа што им слугува на ДУИ и на бугарските империјални барања.

 

Манипулирајќи со релните состојби и лажејќи го народот за факти, Ковачевски упорно тврди дека се водат преговори со ЕУ и само што не сме влегле во сојузот.

 

Тој бара опозицијата да учествува во процес за уставни измени кој е нелегитимно започнат и за кој има надлежни органи утврдени со Уставот и законите. Процес кој уште минатата година со игнорирањето на опозициските ставови и барања, но и со нејзиното лишување од елементарни информации, е осуден на неуспех, за што исклучива вина има власта и самиот Ковачевски.

 

Тој и сега не го почитува уставниот поредок и работи против него. Безочно лаже дека се е легитимно, а всушност ниту тој ниту власта имаат мандат и легитимитет да вршат промени на Уставот и на изборниот закон.

 

Со ваквиот однос нелегитимниот премиер го руши системот на државата и ги подјадува темелите на уставното одлучување, за што тој мора да одговара. Немоќта да ја убеди опозицијата да гласа за неговите бугарофилски ветувања го прави смешен и со насилничко однесување за промена на уставниот поредок.

 

Социјалистичката партија на Македонија укажува дека оваа ненародна корумпирана власт и Ковачевски мора што поскоро да си одат за да се изберат лојални граѓани и патриоти кои ќе се грижат и ќе ја браната државата Македонија и нејзините интереси, се наведува во реакцијата на партијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.