За нешто повеќе од една година бројот на вработени во Клиничката болница во Битола се намали за една третина, па голем дел од болничките одделенија се на работ на опстанокот, пренесува „Телма“. Најмногу недостига специјалистички кадар, но и друг медицински, како и помошен персонал. Поради дефицитот некои болнички оддели работат само како амбуланти, а деновиве од тројца педијатри на детското одделение, заминуваат двајца.

Новата директорка, Елзиабета Ивановска, која дојде на функцијата во исклучително сложена состојба во болницата, вели дека се вложуваат максимални напори да се најде решение. Ветува дека ниту едно одделение нема да се затвори.

Целата сторија тука



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.