Се очекува денеска Министерствата за надворешни работи на Македонија и Бугарија да го финализираат текстот на Билатералниот протокол, документ кој двете земји допрва треба да го потпишат. Министерот Бујар Османи рече дека ќе оствари онлајн средба со бугарската колешка Теодора Генчовска, за да го допрецизираат текстот во делот за уставните измени.

Овој Протокол, што ја одредува имплементацијата на Договорот за добрососедство од 2019 година, не е вклучен во преговарачката рамка, но ги опфаќа прашањата за историјата, говорот на омраза и рехабилитацијата на жртвите од комунизмот. Османи најави дека Протоколот ќе биде потпишан на седница на Меѓувладината комисија со Бугарија истиот ден кога Брисел би ја усвоил преговарачката рамка за земјава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.