Сопственикот на фирмата „Инвока груп“, Даниел Станчев, која ги набави
спорните софтвери за мерење брзина на возила за Владата, тврди дека е невин и бара обвинението да биде повлечено, објави „А1.он“.
Нему не му е јасно ниту зошто бил држен во притвор. Упати и неколку прашања до Обвинителството, на кои бараше одговор, а меѓу нив и зошто бил во притвор, како и зошто му било нудено да биде сведок наместо обвинет. Додека тој зборуваше и упатуваше барања, Русковска се сврте кон него и го следеше во излагањето.
„Договорот е завршен и испорачан според сите процедури за јавни набавки. Како заклучок за тоа имаме аплицирано и како најевтин понудувач сме добиле договор. Обвинителство да одговори на прашањата зошто по две недели мое приведување во Шутка е дадена понуда за да сведочам против Рашковски без притоа да ми биде сменет статусот од обвинет во сведок. Во досегашната постапка јасно се гледадека од второ осомничен веќе сум четврто осомничен според Обвинителство. Исто така јас скоро една година сум во домашен
притвор. Дали јас сум обвинет поради неисполнување на договор или поради мојата семејна положба, ќе се утврди со доказите во постапката. Со оглед на тоа барам од Обвинителство да го повлече обвинението за мене бидејќи сметам дека сум невин од првиот ден кога е почнатаистрага“, рече Станчев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.