Почитувани граѓани, сопартијци, активисти и гласачи на Демократската унија за интеграција,
Со длабока огорченост и разочараност од медиумите дознавме за состанокот и одлуките донесени на тајната средба на Претседателството на ДУИ, чиј епилог беше манипулација со јавноста преку игра на зборови, и затоа со потполна одговорноста ја информираме јавноста дека:
1. Не се ‘самоисклучивме’, туку го напуштивме состанокот (на 1 април) во знак на протест како резултат на непочитувањето и манипулацијата со партискиот статут,
2. На бевме поканети на состанокот како членови на Претседателството, што претставува повреда на статутот и законските обврски на органите на партијата,
3. Ваквото раководење со партиското тело е самоволно и недемократско.
4. Членовите на Претседателството ги избира Генералниот Совет и само тој може да ги разрешува истите, според законски процедури.
Бараме да престане манипулирањето на јавноста преку зборови, сериозно да се внимава на внатрепартиските несогласувања, како резултат на сквернавењето на демократијата, меритократијата и партискиот статут.
Остануваме стоички во нашите убедувања дека ДУИ треба да има одговорност за своето потекло, историја, демократски вредности и обединувачки дух, вредности кои ја одржаа како апсолутен победник во сите избори во последните две децении.
Како фракција ќе продолжиме да се бориме со сите демократски, политички и меритократски средства, за зачувување на вредноста и придонесот на сите Албанци, кои никогаш не престанаа да ја поддржат и да ја доведат до апсолутна победа, политичката формација ОВК, именувана како Демократска Унија за Интеграција.
Фракција на Демократската унија за интеграција
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.