Претседателот на СОНК, Јаким Неделков објави дека штрајкот е ставен во мирување.

Како што вели тој, денеска Советот на СОНК расправал во врска со добиеното известување од Министерството за образование и наука, по што се консултирале со правници во врска со мирно решавање на споровите.

Советот на СОНК и СОНК се легалисти и се за почитување на законите, од таа причина дел од одредбите водат кон тоа дека додека траат периодот на помирување и решавање на спорот меѓу двата спротиставени таботи, доколку се работи за штрајк истиот оди во мирување“, истакна Неделков.

Тој додаде дека ако нема решение, штрајкот повторно ќе стане активен.

Во обраќањето на Неделков го немаше најважното прашање кое ги засега родителите а тоа е дали од утре учениците се враќаат на настава.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.