Собранието денеска треба да ја започне 10. седница на која на дневен ред се повеќе точки, генерално закони по скратена постапка.

На седницата треба да бидат верификувани мандатите на Јане Мицевски од Изборната единица 1 и Малиша Станковиќ од Изборната единица 2, двајцата од коалицијата Твоја Македонија.

На дневен ред се исто така и Предлог на одлука за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Организацијата на обединетите нации „УНИФИЛ“, во Република Либан.

По скратена постапка, на дневниот ред се предложени, изменување и дополнување на Законот за енергетика, на Законот за Геолошкиот завод, на Законот за енергетска ефикасност, на Законот за концесии и јавно приватно партнерство, на Законот за метрологијата, на Законот за минерални суровини, на Законот за контрола на предметите од скапоцени метали, Предлог на закон за престанување на важењето на Законот за основање на Агенција за енергетика, како и изменување и дополнување на Законот за задолжителни нафтени резерви, на Законот за техничката инспекција.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.