Собранието попладнево повторно продолжи со работа за утврдување на дневниот ред на 71. седница, а во тек на продолжението од околу еден час, дел од пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ повторно бараа промени на дневниот ред, односно дел од точките ставени подолу на листата да се најдат меѓу првите точки за разгледување.
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски побара едночасовна пауза со објаснување дека треба да им биде доставен дневниот ред од 71. собраниска седница, со цел да имаат увид на предлозите и точките за гласање.
Во овие два дена не успеавте предлог дневен ред да ни дадете за да знаеме на што да се повикуваме. Дополнително колегите, борејќи се со дневниот ред ќе згрешат, а вие се смеете на предлозите и не кажувате за што точно станува збор. За да ви помогнам со дневниот ред, согласно член 81 став 2 барам еден час пауза и замолувам во тој еден час да доставите предлог дневен ред, посочи Мицевски.
Претседателот на Собранието Талат Џафери појасни дека членот 81 има и став три што вели дека кога во предложениот дневен ред ќе се извршат повеќе изменувања и дополнувања, утврдениот дневен ред на пратениците им се доставува за време на траењето на седницата, по што објави едночасовна пауза.
Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ од вчера во законодавниот дом почнаа „Активна блокада за национален спас“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.