Собранието денеска ќе ја одржи 9. седница на чиј дневен ред се предлог-одлуки за формирање собраниски делегации во повеќе меѓународни организации и годишни изврештаи за работата на неколку македонски институции.

На седницата треба да се расправа по Предлог на одлука за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПС СЕ), како и на Делегација во Парламентарното собрание на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ПС ОБСЕ).

Пратениците треба да ги разгледаат предлог одлуките за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарната унија (ИПУ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарната димензија на Централноевропската иницијатива (ПД ЦЕИ), за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Северноатлантската договорна организација (ПС НАТО), како и за избор на шеф, членови и заменици членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПС на Медитеранот).

На дневен ред на оваа седница се и Предлог на одлука за утврдување на составот на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа (ПС ПСЈИЕ), Предлог на одлука за избор на шеф и членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК), како и Предлог на одлука за избор на претседател, потпретседатели, членови и заменици – членови на Делегацијата на Собранието во Парламентарниот комитет за стабилизација и асоцијација.

На седницата ќе се расправа и по годишните извештаи за работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација за 2023 година, на Државната комисија за одлучување во втор степен во областа на инспекцискиот надзор и прекршочната постапка за 2023 година, за работата на Советот на јавните обвинители за 2023 година, за работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги и услуги на управување со комунален отпад во 2023 година, за работа на Фондот за здравствено осигурување за 2023 година, како и за работата на Агенцијата за администрација за 2023 година.

Според најавата, пратениците ќе ги разгледаат и Годишниот извештај на Народниот правобранител за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права 2023 година и Годишниот извештај за работата на Државната комисија за спречување на корупцијата за 2023 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.