Собранието доцна попладнево едногласно со 64 гласа „за“ го изгласа дневниот ред на 73-тата седница. Претходно во текот на денот, пратениците, главно од опозициската ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, предлагаа законски предлози како точки за дополнување на дневниот ред, за промена на распоредот на точките, односно за повлекување од дневниот ред на предложени законски решенија за 73-тата седница.
На дневниот ред има 12 точки од кои првата за која во моментов е отворена расправа е Предлог-одлука за изменување на Одлуката за испраќање на припадници на Армијата за учество во меѓународната операција на Европската Унија „АЛТЕА“, во Босна и Херцеговина. За збор се пријавени 18 говорници, а поради обврски на претседателот на Собранието Талат Џафери и пречек на делегација седницата ќе продолжи во 21 часот
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.