ВМРО-ДПМНЕ предлага намалување на бројот на пратеници во македонското Собрание од 120 на 90. Од партијата посочуваат дека 120 пратеници во Собранието е преголем затоа е потребно да се намали на 90 за функционална демократија и намалување на финансиските трошоци, пари на граѓаните.

Ваков пример на Собрание од 90 пратеници има во Република Словенија.

За бројот колку што ќе се намали македонското Собрание, 30 пратеници, граѓаните месечно плаќаат по 51.000 евра по основ на плати и придонеси, а 612 илјади евра годишно. Ако се земе предвид дека на народните претставници им се исплаќа и за патни трошоци државата годишно инкасира скоро еден милион евра. За еден милион евра, заштедени годишно државата може да набави над 15 амбулантни возила и 10 противпожарни возила за граѓаните, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

За овој предлог, како и за предлогот за една изборна единица ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите политички партии на дебата.

Идејата за помал парламент ја отвори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кој во интервју рече дека на тој начин ќе се намали бројот на привилегирани пратеници, а со тоа и фрустрацијата на граѓаните.

Сакаме да предложиме концепт за намалување на бројот на пратеници во парламентот од 120 на 90, слично како словенечкиот концепт, како и воведување на една изборна единица. Овој гломазен систем од 120 пратеници е преголем, тој делува премногу фрустрирачки за граѓаните, преголеми се трошоците, преголема е и акумулираната моќ. Со намалување на бројот на пратеници на 90, ќе се намали и бројот на привелигирани пратеници. Ние сме и за воведување на една изборна единица, бидејќи имаше и други политички партии кои го поддржуваат тој концепт. Подготвени сме за овој концепт, вели Мицкоски.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.