Со 364 ЗА и 1 против делегатите на денешниот осми партиски конгрес за нова претседателка на Либерално-Демократска Партија ја избра досегашаната потпретседателка – Моника Зајкова.
Ви ветувам лидерство насочено кон иднината! Затоа што ЛДП ја гледам како партија која гради политики во сегашноста, кои ќе обезбедат иднина кадешто ќе живееме поубаво од денес. Местото каде што ќе живеат нашите поколенија кон кои носиме одговорност да преземеме акција токму денес, токму сега!, кажа Зајкова по изборот.
Таа доаѓа на местото на Горан Милевски, кој ја водеше партијата во изминативе 7 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.