Нападите на  СДС се секојдневни, но се празни флоскули бидејќи немаат што да понудат, вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање запрашан за секојдневните напади кои што Социјалдемократскиот сојуз ги упатува кон кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска Давкова,вели Наум Стоилковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Стоилковски посочи дека единствено што СДС можат да кажат е за нивниот претседателски кандидат, Стево Пендаровски да го повторат ставот на ВМРО-ДПМНЕ, но и на пошироката јавност, дека во неговиот претседателски мандат ги погази достоинството на Македонија и на македонските граѓани.

„Она што тие можат да го кажат за Стево Пендаровски е да го повторат нашиот став кој е познат на јавноста и кој што го доживува јавноста, а тоа е дека Стево Пендаровски го погази достоинството на Македонија и на граѓаните. Забораваат колку брзо менуваше ставови и по однос, да речеме, за промена на уставот или за прифаќањето на бугарскиот договор. Со право народот вели дека немаме држава со Пендаровски како претседател со кој што секој ден, Македонија ја има се помалку и помалку“, рече Стоилковски.

И затоа, додаде Стоилковски, време е промени, време е да ја вратиме Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.