На локалитетот каде што се наоѓал манастирот Клетовник досега не се вршени никакви археолошки ископувања и истражувања. Но затоа багерите на инвеститорот „Радика резорт“ таму без проблем копаат за темелите на планираните 87 потенцијално нелегални викендички. Според законот, ако при градењето се открие културно наследство, изведувачот е должен веднаш да ги сопре работните активности, oбјавува „МКД.мк“.
Тимот на Националниот конзерваторски центар на недвижното културно наследство на Македонија минатиот месец откри голем број повреди на законските одредби во археолошкиот локалитет „Долномаалски гробишта“ во мавровското село Леуново. Увидот бил направен по барање на Месната заедница Леуново и на здружението на граѓани Спас за Маврово, кои цело време тврдат дека тука се гради на регистрирано археолошко наоѓалиште, каде што некогаш бил средновековниот манастир Клетовник.
За дозволите за изградба на 87 викендички на компанијата „Радика резорт“ (под хотелот Радика кај Леуново), за чија нелегалност конечно се покренаа соодветни постапки, на површина излезе уште едно непочитување на законот од страна на општинските власти. Секторот за урбанизам на општина Маврово Ростуше без никаков проблем издавал одобренија за изградба на регистрирано археолошко наоѓалиште.
Целиот текст на МКД.мк
Comments are closed for this post.