Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска имаше свое обраќање на семинарот насловен како „Целите на локалните лидери и употребата на социјалните медиуми” организирана од ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Јарл Хјалмарсон од Шведска.

-Задоволство ми беше да се обратам на отварањето на конференцијата предводена од фондацијата Jarl Hjalmarson во соработка со ВМРО ДПМНЕ каде што ќе дискутираме за новите политики и проекти во локалната самоуправа, но и за предизвиците пред кои сме соочени наредниот период.

Благодареност до Stefan Andonovski i Andrej Lepavcov за одличниот настан и поддршката што ја даваат за градоначалниците од ВМРО ДПМНЕ, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Мисајловски.

Мисајловски во своето обраќање ја истакна досегашната успешност на градоначалниците во водењето на општините, како и очигледната разлика од владеењето на СДСМ. Тој посочи дека и покрај тешката состојба која ја начекале градоначалниците, големите долгови кои ги оставиле нивните претходници, но и опструкциите кои ги прави централната власт, биле завршени и отпочнати значајни проекти.

Мисајловски потсети дека основа на управувањето на ВМРО-ДПМНЕ е секогаш многу работа, посветеност на решавање на проблемите на граѓаните, и присутност на теренот помеѓу граѓаните. Само на тој начин, ќе се исполнат сите ветувања кои се дадени пред граѓаните.

Со чесна и одговона работа, треба да се покаже дека не сите политичари се исти, потенцираше Мисајловски.

Инаку, Во текот на викендот се одржува првиот модул од семинарот насловен како „Целите на локалните лидери и употребата на социјалните медиуми” организирана од ВМРО-ДПМНЕ и Фондацијата Јарл Хјалмарсон од Шведска.

Во текот на денот учесниците ќе зборуваат и за употребата на нови алатки во комуникацијата со граѓаните, а свое обраќање ќе имаат и членот на ИК и портпарол Марија Митева, портпаролите Наум Стоилковски и Димче Арсовски. Во делот на подобро решавање на урбанистичките проблеми, јавните приватни партнерства и финансирањето на општините за кои ќе се обрати Зоран Крстаноски.

Во текот на утрешниот ден, градоначалниците ќе дискутираат и на теми од проектниот менаџмент, образованието и генералното функционирање на општините.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.