Владата предводена од СДСМ и премиерот Димитар Ковачевски носи навремени и ефикасни мерки и политики за ублажување на последиците од најтешката светска економска криза, велат од СДСМ.

Последната мерка за обезбедување на струја по пониска, фискна цена за комапниите коишто произведуваат основни прехранбени производи веќе ги дава првите резултати.

Цените на лебот и на основните прехранбени производи се намалуваат.

Поевтината струја за компаниите ќе овозможи стабилизирање на пазарот, и намалување на цените на основините прехранбени производи за најмалку 10 отсто.

Истовремено продолжува субвенционирање на 80 отсто од сметките за струја за над 600.000 домаќинства и 72.000 мали компании, а околу 200.000 граѓани од ранливите категории во текот на наредните месеци ќе примаат финансиска поддршка.

СДСМ делува одговорно во време на криза. Грижата за сите продолжува.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.