Пратеникот на Алијанса за Албанците (АА), Халил Снопче смета дека недобивањето на датум за преговори со Европската Унија минатата недела, не е прв неуспех за Македонија. Тој во изјава за Лајм вели дека македонската дипломатија е поразена неколку пати во минатото, иако како што вели,функционери од земјава ги манипулираат граѓаните.

– Немам некоја оценка за улогата на Бујар Османи. Него ќе го оцени историјата. Ако се вратиме наназад, знаме дека неколку пати имавме помпезни најави дека датум за почеток на преговорите е добиен. Со тие фамозни селфи во авион, заедно со поранешниот премиер и поранешниот шеф на дипломатијата. Еднаш се изјавуваше дека датум ќе добиеме во јануари, после во јуни, на есен, на лето, но неколку пати не се успеа да се издејствува датум за почеток на преговорите, изјави Снопче.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.