На температура од 10 степени целзиусови се прегледуваат пациенти во велешката болница, тврди инфектологот Славица Трајкова. Таа во фејсбук статус посочува дека Одделот за инфективни болести во велешката болница треба да се награди за енергетско штедење. Притоа објави и фотографија од термометар кој покажува дека во просторијата има 10 степен Целзиусови.

На таа температура се прегледуваат пациенти, како деца, така и стари лица. Трајкова иронично коментира дека може да се исклучат и фрижидерите во кои се чуваат вакцини и серуми, бидејќи собната температура одговара на „ладен синџир“.

Во оваа болница, и покрај најавената модернизација, лекарите сами си купуваат стетоскопи, објаснува инфектологот.

Таа додава:

„Ништо поразлично и во болничките соби… Ама таму има ќебиња. Што беше тоа исправен апарат за крвен притисок, или ЕКГ апарат или исправен пулсоксиметар?!“



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.