Разрешениот директор на Универзитатската клиника за кардиологија проф. д-р Сашко Јовев не смета дека е жртва на политички реваншизам, туку дека станува збор за суета и недоразибрање од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити.
Сметам дека не сум жртва на политички реваншизам, но ова преоаѓа во такво нешто. Иницијалната каписла воопшто не е политика, туку може да е некоја суета и недоразибирање. Како да оди нагоре, како да сакаат да жртвуваат некој кој направил во овој живот и за оваа земја, изјави денеска на прес-конфренција д-р Јовев пред Клиниката за кардиологија во Скопје.
Додека д-р Јовев даваше изјава зад него стоеше целиот тим со кој работи, како што рече тој 24/7. Освен медицински персонал, на д-р Јовев, кој заедно со поголема екипа пред три години ја изврши првата трансплантација на срце во Македонија, дојда да му изразат поддршка поранешни и сегашни пациенти, пензионирални доктори, медицински персонал, колеги, пријатели.
Јас 25 години се трудев да отворам кардиохирургија. Многу генерации наназад моите ја создаваа оваа држава, имаат чесно и интелектуално портфолио. Не може да си играте играчки со такви луѓе. Воопшто не почна политички, но како се развиваше, може да има, за мене беспотребен политички пазар, рече д-р Јовев.
Тој истакна дека иако е многу поддржан од СДСМ, одамна не е партиски кадар.
Заменик-министерката за здравство Маја Манолева апсолутно ме поддржа, Тие имаа повеќе состаноци за моја поддршка. Од премерот засега немам добиено известување. Тој сметаше дека не треба да се меша во мојата и работата на министерот, а јас не чувстувавам вина да се расправам со министерот зошто некој протокол порано некому пратил покана или не. СДСМ сериозно ми дадоа поддршка, застанаа на моја страна, се надевам дека ќе изработат нешто, рече д-р Јовев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.