Случајот со малата Ембла, ученечка од ОУ „Башкими“ кој на почетокот на годинава ја потресе македонската јавност е најеклтатентен случај на дискриминација кој го регистрираше комисијата за дискриминација оваа година.

Станувба збор за девојче со попреченост на кое не му беше дозволено да оди на училиште затоа што родители потпишуваа петиција и бараа таа да не учи заедно со нивните деца, затоа што според нив била пречка за одвивање на наставниот процес.

Ова е тежок случај на дискриминација и редок случај за кој е добиен сеопфатен одговор, ова го изјави Игор Јадровски член на комисијата за спречување и заштита од дискриминација на која денеска се презентираше работата за третиот квартален извештај од јануари до март 2022 година.

Случајот со Ембла, го пренесоа и голем дел на светски медиуми, откако и претседателот Пендаровски ја посети Емлбла и нејзиното семејство и лично ја допрати до училишните клупи.

Во однос на дискриминацијата во општеството до комисијата најчесто се доставени претставки од здруженија на граѓани меѓу кои најмногу во Скопје и тоа 22 претставки и 12 претставки надвор од Скопје.

Тренд кој што продолжува од 2021 година е тоа што жените почесто поднесуваат претставки за дискриминациаја за разлика од мажите. Основи за дискриминација најчесто се во областа на мрагиналните групи, сексуална ориентација, родови идентити и лицата со попреченост.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.