По паузата која ја побара пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ продолжи 81. седница на македонското Собрание.
Пратениците го изгласаа дневниот ред.
На пленарната сесија на Парламентот, по воведното обраќање на премиерот Ковачевски, пратениците ќе ја разгледуваат владината Информација за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Македонија со Европската Унија, по што ќе треба и да бидат усвоени заклучоци, односно насоките што ќе и бидат испорачани на Владата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.