Огромно мнозинство од испитаниците на последната анкета на ИПИС, спроведена во март за емисијата Објектив на МРТ, сметаа дека Македонија се движи во целосно погрешна насока.

Во изборната единица 5 на прашањето во каква насока се движи Македонија? во месец март 57,6% од граѓаните рекле во целосно погрешна насока, 12,3% одговориле донекаде погрешна насока, ист толкав процент се определиле за донекаде правилна, 12,9 кажале дека Македонија се движи во целосно правилна насока. Од анкетираните само 5% немале одговор.

Во ИЕ 1, на истото прашање 59,3% се изјасниле дека Македонија се движи во целосно погрешна насока, 13,1 одговориле донекаде погрешна насока, 16,1 донекаде правилна, а 6,9% во целосно правилна насока. Од анкетираните само 4,5% рекле не знам или немале одговор.

Анкетата го испитуваше и мислењето на граѓаните за тоа која партија според нив може најдобро да се справи со проблемите со кои се соочува Македонија и резултатите и даваат предност на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.


Имено во изборната единица еден, 23,3% сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може да даде подобра понуда за следниот мандат, 9,9% за понудата на СДСМ, а по нив следат ДУИ со 6,4%, Левица со 4,2%, коалицијата ВРЕДИ со 5,6%, движењето ЗНАМ со 2,9% итн.

Во изборната единица 5 од испитаните граѓани 23,1% одговориле дека ВМРО-ДПМНЕ најдобро може да се справи со проблемите на државата, 11,8% веруваат дека СДСМ може да понуди решение, 6,5% ДУИ, 3% Левица, 2,6% движењето ЗНАМ, а 1% веруваат дека Алијансата за Албанците предводена од Села може да понуди најдобри решенија за проблемите со кои се соочува Македонија.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.