Скопското обвинителство ја сослуша поранешната обвинителка за организиран криминал Вилма Русковска како е осомничена во врска со тужбата на поранешниот директор на Финансиската полиција за злоупотреба на службената положба. Таа рече дека целата постапка што довела до нејзино суспендирање е притисок врз обвинителите.

Русковска рече дека не жали за упадот во Финансиска полиција и оти ако повторно ѝ се укаже можност, би го повторила.

На списокот на осомничени денеска е додадена уште една обвинителка Сузана Мирчевска Кузмановска, но Русковска нема информации во која фаза е моментално истрагата.

Според информациите, до сега е сослушан тужителот Арафат Муареми и прибрани се сите материјални докази. Покрај Русковска, денеска на распит беше и обвинителката Елизабета Јосифовска, додека утре се очекува да биде сослушана обвинителката Ивана Трајчевска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.