Скитот „Свети Кирил и Методиј“, кој е сместен во прекрасниот предел и подножје на планината Дешат, над долнореканското село Битуше, деновиве повторно беше место каде што се собраа поголем број деца од целата наша држава.

Тие беа дел од детскиот летен камп по веронаука организиран по иницијатива на епископот Антаниски г. Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.

Деновите поминаа во атмосфера на непосредна радост и дружба, овој пат со најмладите, кои низ едукативни работилници и спортски игри, потоа рекреација што во изобилие ја нуди овој живописен планински предел, како и неизоставните часови по Вероучение, научија значајни нешта за возвишениот христијански морал, информирааt од Бигорскиот манастир.

Од манастирот додаваат дека особено важни за нив биле и поуките дадени во поглед на живата социјална интеракција и другарувањето, кои во современ контекст недостасуваат меѓу децата.

Од манастирот искажуваат благодарност за донаторите Лакталис, Жито Лукс, Жито Полог, Кристал 1923, Драни Премуим, Витаминка, Куќа на Мијаците, Просветно дело, издавачка куќа „Ѓурѓа“ и многуте добронамерни граѓани кои дале свој придонес во реализацијата на овие школи.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.