Во писмото со сочувство за починатиот владика г. Тимотеј, покрај зборовите на уважување, се наведува: „Во овие тешки моменти за Вас и за целата Православна црква на Македонија, изразуваме искрено сочувство за оваа привремена разделба со нашиот упокоен собрат“! Ова е дел од дегутантниот политички памфлет срочен во еден вака осетлив и тажен момент, чин кога смрт на еден македонски владика се користи за политички поени и понижување на македонскиот народ, црква и држава. Со вакви дневно-полтикантски збоорови во него, бугарскиот патријарх г.г. Даниил испрати писмо со сочувство до архиепископот на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, г.г. Стефан, за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски од МПЦ-ОА, г. Тимотеј.

Претходно, во адресирањето на писмото со сочувство од БПЦ, т.е. од патријархот Даниил, архиепископот на МПЦ-ОА се нарекува „Неговото Блаженство Северно-Македонскиот Архиепископ Стефан“.

За упатените во црковниот процес за целосно признавање на МПЦ-ОА, како рамноправна црква во светот на православното христијанство, забележливо е тендениозното именување на македонската црква од страна на бугарскиот партијарх како „Православна црква на Македонија“, а архиепископот г.г. Стефан, како „северно-македонски архиепископ“.

Во официјалното именување на Македонската православна црква-Охридска Архиепископија, никаде и никогаш не се споменува додадената географска одредница во името на државата Македонија, наметнато со Преспанскиот договор во 2019 година. Од световно-правен аспект, МПЦ-ОА е независен ентитет во државата Македонија, кој нема обврска да се придржува и да ги исполнува обврските преземени од државата со Преспанскиот договор. Во контекст на процесите на преговори што се водат со Вселенската патријаршија за ингеренциите на МПЦ-ОА, во кои има и обиди за менување на именувањето на македонската црква, адресирањето на сочувството на бугарскиот патријарх и именувањето на ахриепископот г.г. Стефан, имаат (не)скриен тон на негирање на македонскиот карактер на црквата, но и на државата. Секако и тон на подметнување на световна дневна политизација на меѓуцрковните и духовните прашања, дури и во контекст на изразување сочувство.

Во најсвежата колективна македонска меморија, од пред 6-7 години, забележана е и епизодата со идејата Бугарската православна црква да биде мајка-црква во процесот на признавање на МПЦ-ОА, за да се заобиколи Српската православна црква, која до 2022 година ја оспоруваше автокефалноста на македонската црква. Сепак БПЦ не го прифати „ризикот“ да биде мајка-црква на МПЦ-ОА, а СПЦ во мај, 2022 година издаде томос со кој ја призна автокефалноста на МПЦ-ОА. Но и понатаму се чини дека „македонскиот елемент“ во МПЦ-ОА е трнот во окото на некои од црквите во православната екумена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.