Изет Меџити иако демантира јавно изјави, а знаат и неговите соработници, дека ми побара поддршка да стане претседател на огранок и да стане пратеник, а за возврат рече ја имаш мојата поддршка да станеш министер, рече Артан Груби коментирајќи го раздорот во ДУИ и формирањето на фракцијата на „огнените“ во чие водство е Изет Меџити.

-И самиот Муса Џафери рече на претседателство дека Артан Груби заслужил да биде министер, заменик премиер рече дека е можеби премногу – додаде Груби во интервју за 24 Анализа.

На коментарот дека Меџити тврди дека е лага дека побарал поддршка од Груби, вицеперемиерот одговори:

-Сите знаат дека јас не лажам.

Груби го прокоментира и собирот на незадоволните членови на ДУИ во Чаир, за кој се тврди дека бил посетен од многу луѓе, велејќи дека таа сала има само 400 столчиња.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.