Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, нема да присуствува на завршницата на 30-иот министерски состанок на ОБСЕ, кој се одржува во Скопје.

Тој ќе одржи прес-конфереција, после која ќе замине од земјава. Во моментов се забележува голем интерес од македонските медиуми за тоа што има да каже.

Иако неколку дена пред почетокот беше неизвесно неговото доаѓање во Скопје, поради санкциите кон Русија. Лавров учествуваше на состанокот.

Неговото вчерашно обраќање беше бојкотирано од дел од делегациите на земјите-членки на ОБСЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.