Сите избирачки места во трите општини од крајниот Североисток на државата, Крива Паланка, Ранковце и Кратово, се отворени навреме.
Јасминка Крстевска, претседателка на општинската изборна комисија Кратово рече дека сите 34 избирачки места се отворени точно навреме,а гласањето се одвива непречено.
Во Кратово право на глас имаат 7 536 граѓани кои денес ќе гласаат за избор на претседател на државата.
И во Крива Паланка, како што информира претседателката на ОИК, Моника Костовска, сите 46 избирачки места се отворени во 7 часот, а навремено отпочна гласањето и во Ранковце каде се гласа на 13 избирачки места.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.