Сите 66 директори на универзитетските клиники во Клиничкиот центар во Скопје треба да се разрешат и треба да се укине и Службата за заеднички работи која во изминатиот период ништо не работи освен што од година во година ги зголемува долговите – рече министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната седница на Анкетната комисија за случајот со Клиниката за онкологија во македонското Собрание.

Јас сум за тоа дека треба да се тргнат овие директори и сите тие јавни набавки да бидат на ниво на еден заеднички клинички центар, а не со Заеднички служби кои ништо не работат, не ги знаат одговорностите, само од година во година ги зголемуваат долговите. Затоа ова е конкретна јасна мерка и во иднина ќе видите дека ова ќе биде реалност и како ќе се справиме со сите овие нерегуларности – рече министерот Меџити.

Тој рече дека македонскиот клинички центар треба да се реформира по урнек на Клиничкиот центар во Љубљана.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.