Денеска Комисијата за завршен испит ја одржа седница на која усвои ги Ранг листата со конечни резултати од полагањето на завршниот испит во Академијата за судии и јавни обвинители за седмата генерација слушатели на почетна обука и Конечната ранг листа на кандидати за судии и јавни обвинители. Завршниот испит го положиле 57 кандидати, од кои дел ќе бидат судии, а дел јавни обвинители.

Соглано законската обврска, Конечната ранг-листа на кандидати за судии и јавни обвинители веднаш ќе ја испрати до Судскиот совет на РСМ и до Советот на јавните обвинители на РСМ во текот на утрешниот ден.

Во листата може да се видат имињата на деца на политичар, сопруга на градоначалник, ќерќи и синови на јавни обвинители и судии…

Најзвучни меѓу новите обвинители се имињата на Барлет Џафери, синот на претседателот на Собранието Талат Џафери; сопругата на првиот човек на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам АбазиАлбулена Абази. Снаата на генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова исто така ќе биде јавна обвинителка.

Сопругата на градоначалникот на Аеродром Симона Муцунска Бубевска ќе биде судијка, а колешка ќе ѝ биде Биљана Смаќоска, ќерка на обвинителката од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Гордана Смаќоска. Драган Јосифоски, син на обвинителката Елизабета Јосифоска исто така ќе биде судија.

Од избраните 60 кандидати еден се откажал, па наскоро 59 завршени кандидати ќе треба да пополнат дел од испразнетите места.

Целиот список на следниот линк!



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.