Синдикалната организација на МАНУ остро реагира поради доживеано фијаско на Предлог-законот за МАНУ во Собранието.
Во продолжение рракцијата на Синдикатот на МАНУ го пренесуваме во целост.
„Ја известуваме јавноста дека последниот обид за донесување на Предлог-закон за МАНУ повторно беше свесно, режирано и тактички изманипулиран и Законот беше донесен.
Платите на вработените во МАНУ и натаму останаа неусогласени со платите в вработените не само во институциите во областа на научната и високообразовнат дејност туку и со платите на вработените во сите установи во јавниот сектор.
Нејасно е зошто највисоката научна и уметничка установа, од особено значен за Републиката, остана надвор од системот, иако нејзиниот статус е уреден со посебен Закон за МАНУ (lex specialis), а боговите во Пантеонот упорно ги затвораат очите пред судбината на вработените во Секретаријатот и стручните единици во МАНУ.
Зачудува воздржаноста на најповиканите фактори, вклучувајќи ги и раководството на МАНУ и Законодавниот дом како основач на оваа институција, да дадат одговор за неочекуваната разврска при гласањето на последната пленарна седница на Собранието на РС Македонија во актуелниот собраниски состав.
Бараме повиканите структури најостро да реагираат и јавно да го осудат непроцедуралното, незаконско и тенденциозно недонесување на Законот, и итно да се преземат мерки за решавање на егзистенцијалните прашања на вработените во МАНУ, за да престане нивната неколкугодишна голгота која продолжува со потхранување на уверувањето дека за тоа ќе дојдат „подобри времиња”.
Синдикалната организација на МАНУ тековно најавува нови детали за случувањата во врска со натамошниот статус за Предлог-законот, кој остана да виси во правниот лавиринт, а првите подробности ќе ги објавиме во среда, 3 април 2024 година, во 12:00 часот“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.