Синдикатот на Клинички центар утре попладне е повикан на средба со новиот министер за здравство Фатмир Меџити, информираше потпретседателот Предраг Серафимовски.

Се надеваме дека ќе наидеме на разбирање за да се потпише во најбрз можен рок договорот што го имавме со претходниот министер и со Фондот. Тие средства веќе се обезбедени, анексите се направени и коефициентите се средени, така што би требало да ја завршиме работата“ – појасни Серафимовски.

Сите излегоа на протест и од другиот синдикат од ССМ. Инсистираме на потпишување за зголемување на плати, за медицинските сестри 3.000 денари бруто, за сите останати, значи јавна администрација, помош на технички персонал и доктори, по 2.000 денари. Таков е договорот“ рече Серафимовски.

Минатиот месец синдикатот на Клинички организираше протести на вработените во јавното здарвство пред Клиничкиот центар и ГОБ „8 Септември“ во Скопје, како и во други градови низ државата со барање за покачување на платите и усогласување со промените на минималната плата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.