Интензивните активности на Бугарија придонесоа дел од населението во Албанија на пописот да се изјаснат како Бугари, вели директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски, во неделното интервју за „Радио Слободна Европа“.

На пописот во Албанија бројот на попишани Бугари е околу 8 илјади, за разлика од Македонците, кои се околу 2 300. Ако се земат предвид резултатите од претходниот попис, во 2011 година имало околу 5 500 Македонци.

Во тој период пред пописот кога се најави, имаше многу интензивна, како да кажам, многу јака активност на бугарската држава да агитираат, купуваат, даваат можности за државјанство, кои, за жал, од економски причини, а пред сѐ поради желбата да се оди надвор од државата и да се има пасош кој нема да прави проблеми, многу луѓе го прифатија тој предизвик. Меѓутоа, не можеме ние да ја обвиниме државата Албанија за тоа. Можеби можеме да ја обвиниме за тоа што дозволила таков притисок, вели Симовски.

Македонското МНР го повика амбасадорот во Тирана, Данчо Марковски, на консултации откако излегоа податоците од пописот во западниот сосед бидејќи МНР оцени дека тие не ја отсликуваат реалната бројка на етнички Македонци.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.