„Сведоци сме дека е нарушена безбедноста на информациониот систем на Фондот за здравство. Тој систем за информациона безбедност има три постулати тоа се доверливост, интегритет и достапност на информациониот систем. Со сигурност можеме да потврдиме дека достапноста информациониот систем е нарушена затоа што тој не е во функција неколку денови, а за доверливоста и интегритетот не сме сигурни. Денес видовме дека некои од системите на фондот за здравство се вратени во функција, најверојатно се реставрирани некои бази на податоци“, рече универзитетскиот професор и претседател на Комисијата за информатичко општество, телекомуникации и аудиовизуелни услуги на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Симов во вечерашното гостување во емисијата „Топ Тема“ на Телевизија Телма.
Тој посочи дека се нема точна информација дали имаат бекап на податоци, колку е стар тој бекап на податоци и како се реставрирани тие податоци.
„Рансом значи откуп, што значи дека рансомвеарен напад во кој се криптираат податоците на субјектот на нападот, се криптираат неговите системски системи и потоа за да се декриптираат се побарува откуп да се плати најчесто во криптовалути за да не може да се следи трагот на финансиските средства“, рече Симов.
Симов кажа дека тој рансомварен напад не се случува во моментот туку напаѓачот може долго време да ја монетуира мрежата на нападнатиот субјект во внатрешната мрежа и инсталира соодветни програми и тоа не значи дека има 100 проценти на бекап.
„Во овој случај информациониот систем на фондот за здравство е нападнат со „ransomware“ и навлезено е во внатрешната структура и во внатрешната мрежа на системот, во систем салата и крипитрани се базите на податоци и серверите, меѓутоа тоа не значи дека нема бекап. Бекап можеби има затоа што вистинските и сигурните бекапи треба да бидат офлајн, тие не смеат да бидат бекапи на компјутерски системи кои се вклучени во мрежата каде е продкцискиот систем и тие треба да бидат некаде на страна и да бидат офлајн а не приклучени на интеренет“, вели Симов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.