Изборниот караван на претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова и коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ одржа митинг во Струга.

Таа, како што рече, планира претседателската функција да ја направи пристојна и одоговрна, функција што ќе ја претстави Македонија како горда и Европска држава.Најави и дека доколку дојде на позицијата претседател на државата ќе ги помилува осудените од 27 април.

– Потребно е во името на правдата, на етиката, на моралот претседателот понекогаш да се одважи и да посегне по една кочница во однос на судот. Тоа ќе го направам и честопати го спомнувам особено кога ги имам на ум обвинетите од 27 април. Страшно ме погоди судбината на Јане Ченто. Зар е можно судбината на неговиот дедо да се повторува во 21 век, во современа Македонија. Замислете да бидете обвинети за организирање на тетрористичка закан или за рушење на уставниот поредок на Македонија. Последиците ќе ги чувствувавме до ден денес ако имаше таква закана – рече Силјановска-Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.