Образование без воспитна функција нема, а мислам таа функција како да ја снемува. Најважно е да ги научиме децата, средношколците, студентите да размислуваат критички да размислуваат, да критикуваат, рече професор Гордана Силјановска Давкова, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина во Штип во организација на партијата, а на тема Современи образовни политики.

„Ние имаме многу образовни институции кои не само што не можат да одат кон Шангајската листа, туку одат и надолу. За почеток треба да знаеме дека во основно треба да ги научиме да размислуваат низ игра, а и сами да носат заклучоци, а и да ги оценуваат учителите. Најважно е учителите да се добри педагози да ги сакаат децата, средношколците, студентите така ги поттикнуваат да учат“, рече Силјановска Давкова.

Според професорката мора ад се вратиме на линијата на градење на вистински однос кон образованието, а притоа власта не прави основни работи.

„Не знам колку пати кога се носел буџетот сум барала од министрите кои не можам да ги запомнам има две згради кои ги започна Владата на ВМРО-ДПМНЕ, едната е зградата за ФИНКИ и едната за факултетот за физичка култура довршете ги и пресечете една лента. Тоа е многу важно за студентите, за условите во кои учат“, посочи Силјановска Давкова.

Професорката констатитраше дека во моментов незнаењето е сила и моќ.

„Оваа Влада падна на испитот кај народот. Тие немаат љубов кон образованието, а кој нема љубов кон образованието, само фрустриран човек. Тие се токму такви“, заклучи Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.