Во овие избори има нешто специфично, до ѕидот сме доведени. Вие заслужувате власт соодветна на вашето достоинство, власт од којашто нема да се плашите и срамите, туку ќе се гордеете, порача вечерва од Свети Николе, кандидатката за претседател на државата, поддржана од ВМРО – ДПМНЕ и коалициските партнери, Гордана Силјановска-Давкова. Таа се осврна и на пораките кои нејзиниот противкандидат Стево Пендаровски ги упатувал во 2019 година и сега за влезот на нашата земја во ЕУ, како и за Договорот со Бугарија.

-Мислам дека се што тогаш тврдеше дека набрзо ќе се случи, дека ние сме склучиле соломонски договор, дека тоа бил компромис не се реализира. Не само што не направивме чекор напред, тука направивме чекор назад, Зошто, сега преговараме со соседот за почеток на преговори. Феномен и преседан, каков што немало од формирањето на Европската унија, рече Силјановска-Давкова на митинг во Свети Николе.

Таа истакна дека сите соседи наброени во Уставот,  во уставното право не е познат таков феномен. Забележа дека ЕУ ја гарантира различноста, а не на сличностите на нејзините членки, но со ветото и барањата од соседна Бугарија всушност се бараат сличностите.

-Не е точно дека нема решение, треба да дојдат нови луѓе на власт и да се водиме од нашите државни и националните интереси, порача вечерва Силјановска-Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.