Кандидатката за претседателка Гордана Силјановска Давкова вечерва од Куманово порача дека очекува политички вулкан на 8. мај.

Таа истакна и дека и доаѓа на памет да позајми некои од присутните за да го охрабри противкандидатот.

Да, јас имав политичка интуиција и скромно реков дека на 24 ќе се случи политички земјотрес, и се случи. Значи јас и жените бевме политички сеизмолози. Политичката вулканологија ми кажува дека на 8 мај очекувам политички вулкан. Ако резултатот во првиот круг со спортски речник беше 2:1, и замислете уште имаат идеализам дека на волшебен начин нешто во паузата, меѓу двете утакмици ќе се случи тогаш логично е, бидејќи логично е опозицијата да размислува логички, на 8ми мај резултатот да биде барем 3:1. Зошто 3:1? Еве зошто“, рече Давкова покажувајќи кон народот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.