„Ова што се предлага не е во ред, бидејќи ние како опозиција ги браниме темелните вредности на ЕУ. Европската Унија не е само совет, комисија, парламент или пак суд на правдата, туку ЕУ е систем на вредности. Еден од најважните акти на ЕУ се разбира е договорот за ЕУ и во преамбулата на договорот во алинејата 6 се вели дека ЕУ ќе работи на продлабочување на солидарноста на народите на членките, респектирајќи ја нивната историја, култура и традиции. Впрочем ЕУ е дефинирана во оваа вредносна смисла како заедница како единство на различностите, а не на сличностите“, истакна пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Телевизија Алфа.
Таа истакна дека оваа власт секогаш постфестум ја користи опозицијата како декор демократски. Кога власта влегува во уставни измени тоа треба добро да биде обмислено, разговарано и усогласено и не смее да имаме фаталистички однос.
Силјановска Давкова во однос на учесниците во работната група за уставни измени истакна дека треба да се почитува вокацијата и струката.
„Невозможно е туку така откако ќе се заврши и договори неовластено работата бидејќи Владата е само предлагач ниту законодавец или уставотворец. Откако договорија со европските претставници и ја прифатија преговарачката рамка со аргументација дека дошла до нејзина промена, а нема никаква промена тоа е повторно алиби сега сакаат и повикуваат на дијалог иако еден одговорен премиер и една одговорна Влада би била во постојан контакт со лидерот на најголемата опозициска партија и пратениците од опозицијата“, изјави Силјановска Давкова.
Силјановска Давкова потенцираше дека претставниците на работната група за уставни измени не се тие таму да дебатираат со аргументи туку тие се таму за да аминуваат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.