Кандидатката за претседател, поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова во претседателската дебата на ТВ21 порача дека не е вулканолог, но предвидува политички вулкан на 8 мај.

Според Силјановска Давкова, тој вулкан ќе го предизвикаат граѓаните.

Се разбира, оние кои што ќе го предизвикаат се граѓаните со своите гласови. Тоа е прекрасен ден, на 9 мај е Денот против фашизмот, денот на победата над фашизмот, Денот на Европа и јас мислам дека граѓаните, како што покажаа во првиот круг, така и во вториот круг ќе го искористат својот гласот по свое“, порача Силјановска Давкова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.