Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова вечерва од митингот во Крива Паланка порача дека гледа часовник за кој смета дека го отчукува заминувањето на оваа делегитимирана власт.
„Наскоро ќе ги отчука промените поврзани со новата власт, како на претседателско ниво, така на парламентарно. Оваа Горда Македонија и Твоја Македонија се како сијамски близнаци“, вели Силјановска Давкова.
Таа порача дека доаѓа времето на учените луѓе.
„Што прави оваа власт? Таа власт применува една трета политика, што и не е политика, се вика обид за гаснење на пожари, ама тие не се пожарникарите, не се, туку тие се токму оние потпалувачите на пожарите, затоа треба да си заминат“, додаде Силјановска Давкова.
Таа порача дека граѓаните се пред многу важен момент да донесат клучна одлука.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.