Почнува отворената седница на Централната комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ која вечерва се одржува во Куманово.

Одличен одѕив со присуство на здравствени работници од Општата болница, Здравствениот дом и Центарот за јавно здравје во Куманово, како и здравствени работници од околните места.

Недомаќинското работење во ЈЗУ во Куманово е пресликано во сите други градови во државата.

Потенцирани се следните проблеми

Недостаток на здравствен кадар на сметка на ненаменско вработување на административен кадар

Болницата е постојано со блокирана сметка

Лоша инфраструктура на болничките оддели

На хирургија амбулантските простории за хронични прегледи се одземени, а сите амбулантски прегледи на хирургија и ортопедија се сместени во еден мал објект во несоодветни просторни услови

Нема воведување нови здравствени услуги и тераписки процедури

Недостасуваат основни средства за работа како: локални анестетици, конци за шиење на мали рани во итна амбуланта, гипс за имобоилизација на фрактури и тн. кои пациентите се принудени да ги купуваат приватно

Заради неодржување во повеќе оддели има протекување на кровната конструкција при обилни дождови

Целосна маргинализација на ЈЗУ во Куманово што е регионален здравствен центар кој ги сервисира со секундарна здравствена заштита
oпштините Крива Паланка, Кратово, Липково, Старо Нагоричине

Ваквата слика и неодговорност во ЈЗУ во Куманово е пресликано во сите други градови и затоа неопходен е рестарт на здравствениот систем.

Заедно со здравствените работници и пациентските здруженија на ваквите отворени средби ќе предложиме решенија и проекти кои ќе бидат преточени во изборната програма и ќе значат унапредување на здравствениот систем, велат од комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.