Претседателката Гордана Силјановска следниот месец на покана на францускиот претседател Емануел Макрон ќе отпатува во Париз.

Повод за посетата е отворањето на катедралата Нотр Дам која пред неколку години беше опожарена.На овој настан ќе учествуваат голем број светски лидери меѓу кои и нашата претседателка.

Таа вели дека настанот ќе биде искористен за голем број средби, но оти билатерална средба со Макрон засега не е договорена.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.