Со потпишување Колективен договор, штрајкот на Управата за водење матични книги е ставен во мирување, информира Министерството за правда.

Во иднина ќе се грижиме за унапредување на правата на вработените во Управата за водење на матични книги, а граѓаните од утре ќе може да ги користат услугите на Управата за водење матични книги, се вели во соопштението.

Како што истакнаа од Министерството, Колективниот договор ги утврдува критериумите за годишен одмор и неплатени отсуства, надоместоците на плата и други примања, исплата на регрес за годишен одмор, додатоци на плата, јубилејни награди и друго. Како право кое синдикатот и работодавецот го утврдија во овој договор е минималната плата да биде основна плата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.