Ги разбра ли Владата пораките од францускиот претседател Емануел Макрон и од претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, намерно ли се прави на „три и пол“ или она полошото – навистина не ги разбра?
Мишел од Бледскиот стратешки форум рече дека до 2030 година Европската унија мора да биде подготвена за ново проширување. Ова од страна на македонската Влада беше пречекано со овации и како „готова работа“ дека нивните проценки се точни. Со вакви оптимистички изјави илзегоа и премиерот Димтиар Ковачевски и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.
Ама, се заборава дека на влез во ЕУ не чека само Македонија и Западен Балкан, туку и Украина и Молдавија, а најверојатно и Грузија.
За погрешната интерпретација на оваа изјава предупредуваат многу експерти. Според поранешниот министер за финансии, Џевдет Хајредини изјавата дека до 2030 година, земјите, меѓу кои и Македонија ќе бидат подготвени за влез во Европската Унија – не е точна.
Шарл Мишел не рече дека земјите кандидати до 2030 ќе бидат подготвени за влез, туку ЕУ ќе биде подготвена да ги прими, што не е исто. Додека Макрон не рече ни тоа, потенцира Хајредини.
Социјалистичката партија на Македонија смета дека надежите и очекувањата кои власта ги има за 2030 година за зачленување во ЕУ се последица на лошите политички анализи и производ на дилетантската надворешно политичка и дипломатска активност.
Загрижувачка е неспособноста на македонската дипломатија со необезбедите информации за француските ставови искажани на годишниот собир на амбасадори.
Меѓу сите досегашни погрешни анализи и проценки со последниов пример се докажува промашеното градење на државната стратегија и позиции, со што се овозможува и јавно бламирање на премиерот, велат од СПМ.
Уште позагрижувачко е и игнорирањето на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон кој јасно и гласно, барем за оној што сака да чуе, кажа дека на Европа ѝ е потребно време пред да мисли на проширување.
Ризикот е да мислиме дека можеме да се прошириме без реформи. Можам да посведочам дека на Европа и е доволно тешко да напредува на чувствителни теми со 27 членки. Со 32 или 35 членови, нема да биде полесно. Ќе ни треба смелост, да прифатиме поголема интеграција во некои области, а можеби дури и Европа со повеќе брзини, рече тој на годишниот собир на француските амбасадори во Париз.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.